Aleksandar Belov - Fan Club i Forum / Александар Белов - Фан клуб и форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

+68
Mila03
Ana va
aazar
даша
malena
darcy
lepotica
Anchika95
mk_snajka
stf385
**Dadi**
bikica
dea
enisa
Zana 200
lucky
arena
Marija5554
sanja444
maja5
Marina
ANA
makisoul
klimt
hipnotic
Liliput
Viktoria
niveaaa
Gea
aurelija
lelakostova
SoleSrbija
Daniela
caci*alex
Maki
Happy
Sanjchi
ica
Зорана
aleksandra
alex_fan
mina_8377
shiny
Tajna
Videna
dederaj
sibilla
beltina
Darija
mace
Rossa
Zora
anata
emili_ja
Lu_Lu13
Sophie
**Reneesme**
Keti
Go Ka
exi
Anuska
MayaOk
Galence
jasmina k
goca-ge
Zoka
сонце
jasna
72 posters

Stranica 5 / 40. Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by mace čet vel 26, 2009 12:45 am

Национален Евросонг 2009, пост-фестум

PRV DEL
Next Time - (не)очекувани патници за Москва!

По што ќе го паметиме актуелниот домашен Избор за песна на Евровизија? По неколку работи! Три фестивалски вечери, рекордни 32 композиции, трагичната смрт на 24-годишната Ивана Митровска, која почина како посетител на манифестацијата на првата фестивалска вечер, и по победниците - тинејџерските идоли Next Time...

За добрите познавачи на околностите во македонскиот шоу-бизнис, националниот Избор за песна на Евровизија помина според очекувањата – триумфираше рок-двоецот Next Time, браќата Стефан и Мартин, кои и се познати на пошироката јавност нецела година. За сите други, изборот на двоецот е гром од ведро небо. Секако, за нивните бројни фанови тоа од првиот момент беше најпосакуван избор, а за другите - невозможна мисија, дека некој со толку мал бекграунд зад себе, може да ја претставува земјата на најголемото светско телевизиско шоу, коешто годинава ќе се одржи во Москва.

Колку се Next Time добар избор за државата, ќе покаже времето. Тоа ќе го знаеме кон средината на мај, за кога руската престолнина го подготвува Евросонг 2009. Ако имаме среќа да го поминеме полуфиналето, ќе констатираме дека направивме добар дил. Во спротивно ќе заклучиме дека ништо не сме научиле, уште од времето на XXL.

Колку што победата на Next Time е (не)очекуван избор, толку и прогнозите за нивниот успех во Москва се поделени. Додека едните сметаат дека двоецот, раснат на благиот рок од ‘80-тите, ала Bon Jovi или Guns & Roses, ќе ја освои музичка Европа со својата младост и шарм, другите, уште побројни, се фаќаат на нивната затеченост од новонастанатата ситуација, мала километража, скромно искуство, бенд без големи концерти и патувања. Ако се земе предвид и нивниот ретро(к) стил (сетете се само како помина Дадо Топиќ пред две години со рок-баладата Вјерујем у љубав), кој на Евросонг и не е нешто посебно прифатен, причини за загриженоста има во изобилство.

Како и да е, Next Time се реален македонски евровизиски избор, а најмалку што можеме да им посакаме во Москва се многу среќа и што подобар пласман. Па, или ќе ги славиме како национални херои или ќе ги фрлиме во калта како многу други: Владо Јаневски, XXL, Мартин Вучиќ, Тамара, Врчак и Адријан... Единствената олеснителна околност и за хероите и за лузерите е таа што кај нас како да владее колективна амнезија по тоа прашање, па ако се издржи првичниот удар, сe друго е полесно. Секое чудо за три дена...

Освен тоа, сe спаѓа во доменот на забава, па никој и не се потресува на подолги патеки.

Сепак, една друга работа не смее да се заборави! Триумфот на Next Time на националниот Евросонг претставува и втора победа на оваа манифестација за нивниот композитор Јован Јованов, кој темата Нешто што ќе остане ја сработи заедно со Дамјан Лазаров. Текстот, пак, е дело на Елвир Мекиќ.

Со песната Ангел си ти, компонирана за Тоше Проески, Јованов како автор ја претставуваше Македонија и во 2004 година во Истанбул. Со овој триумф, заедно со Григор Копров, Јованов спаѓа во редицата најуспешни композитори во Македонија, барем кога е во прашање Евровизија. И Копров и Јованов имаат по две победи на националниот Евросонг. Копров беше победник во 1998 година со Не зори зоро на Владо Јаневски, и во 2007. со Мојот свет, на Каролина Гочева, но и лани, кога (рака на срце, сосема незабележано) неговата композиција ја претставуваше Црна Гора.

Сепак, до сега ниту Копров ниту Јованов баш и не се прославија на Евровизија, па, со оглед дека и двајцата имаат изразен спортски дух, можеме само да им посакаме повеќе успех во иднина. На некоја следна Евровизија, како оваа во Москва.

Кога сe ќе се собере и ќе се одземе, иако првично изгледаше дека ваквиот концепт на фестивалот од три дена, колку што траеше домашниот Избор за песна на Евровизија, е преголем залак за националната ТВ-куќа, конечниот впечаток е одвај просечен. Далеку од она што е тренд во светот, па и на Балканот, но во рамките на нашите премногу скромни можности. Ако се земе предвид дека МРТВ веќе низа години се распаѓа по сите шавови, и кадровски и технички, продуктот што го имавме на масата во трите фестивалски вечери беше според очекувањата, особено ако тие се скромни, и не очекувате чуда.

Со сите плусови и минуси, недостатоци и забелешки, гледачите пред малите екрани во три вечери и немаа којзнае каква забава. Во тие три дена, сцената на некогаш блескавата алуминиумска убавица Универзална сала, навидум блесна како во најдобрите денови. Моќта на технологијата, која со еден замав од старо прави ново, придонесе барем за миг да заборавиме кои сме и каде сме. Шаренилото на лед-екраните, во заднината на стејџот, придонесе лажниот сјај да заличи на евтин гламур. Секако, како и во бајките, илузијата траеше некаде до полноќ, кога место кочија повторно добивме тиква, коњите и лакејот станаа домашни глувчиња, а нашата принцеза една обична Пепелашка. И повторно иста приказна дека немаме соодветно место за вакви, од национална важност проекти...

mace

Broj postova : 57
Registration date : 16.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by mace čet vel 26, 2009 12:46 am

VTOR DEL


Во иднина, ТВ-преносот од трите фестивалски вечери ќе може да се репризира до немајкаде, пополнувајќи програмски дупки во времето кога нема пари за нови погламурозни настани. Иако, парите не се секогаш пресудни. Секако, телевизијата како феномен е безгранична забава, бунар без дно кој бара постојани вложувања, но, тој пред сe е креативна можност за надградба.

Еве, на пример, водителите на шоуто, актерот Зоран Љутков и манекенката Билјана Ѓорѓиовска, од една страна беа крајно коректни, и воопшто не се разликуваа од своите колеги од 1979, 1989, 1999 година... Но, таквиот начин на водење - излези, кажи нешто, и врати се во бекстејџот, одамна е надминат во светот.

Да земеме за пример една Беовизија, за која не треба да одиме подалеку од соседството. Таму водителите ако треба и ќе запеат, и ќе заиграат, и ќе кажат некоја актуелна дневнополитичка шега..., а луѓето ќе се насмеат, расположат, ќе заборават за миг на место и време. А, за тоа не се потребни премногу пари. Само малку повеќе креативност и добро сценарио.

Кога сме кај сценариото, на прва топка изгледа дека трите вечери имавме полна програма, без празни чекори во одењето. Но, дали е навистина така?!

За финалето, горе-долу и може да се каже, но за двете полуфинални вечери - ни од далеку! Во финалето, ете, премиерно ја слушнавме долгонајавуваната поп-симфонија на Љупчо Мирковски, и ќе се согласиме дека тоа беше убаво парче музика, илустрирано и со балетската изведба на Ребис која може да помине. Добри беа и претставниците на Белорусија, Црна Гора и Босна и Херцеговина - Петр Елфимов, Андреа Демировиќ и Регина, кои дојдоа да му дадат значење на нашиот Избор. Белорусинот, со изведбата на Полско цвеќе, во чест на Тоше Проески, секако беше најблескав дел од ревијалната програма. Сите нив, заедно, организаторите, ете, се потрудија и ги донесоа.

Но, што можевме да видиме во ревијалниот дел на двете полуфинални вечери - работи кои и се веќе познати на домашната јавност. Не дека не беа добри, но Евровизија е специјален настан, и не е препорачливо повторување на работите, што нам и ни се случи. Имено, настапот на Мартин Вучиќ и неговиот Пер-екс ансамбл беше веќе видена работа - на концертите во Скопје и во Охрид во текот на 2008 година, додека Кирилицо испеана е нешто што беше промовирано пред само неколку дена. На кого му требаа сите тие репризи?!

Па, тие, на ваква ексклузивна гозба изгледаат како кога на некој важен гостин, кој сакате да го фасцинирате, му давате ручек од завчера. И никако поинаку!

Од музички аспект Евросонг 2009 понуди горе-долу лесни ноти и рефрени, од кои, најголемиот дел тешко дека некој ќе ги памети по две-три години. Движејќи се до лесниот поп-рок, продукциски многу под она што се бара во светот, тешко дека нешто може да се издвои, барем како бомбастично за големата Евровизија.

Секако, тоа најпрвин не е ниту победничката тема Нешто што ќе остане (колку симболика, и иронија, во истовреме), а камоли нешто друго. Не дека критикуваме, и не дека немало убави песни... Па, Влатко Илиевски и Влатко Лозаноски беа и повеќе од коректни. Проект Македонија, иако ретро, беа симпатични, исто како и Андријана Јаневска, Даниел, Верче Пандиловска, Браво бенд, Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев... Но, не многу повеќе од тоа!

Ако би морале да издвоиме нешто што стилски ја надмина манифестацијата, не би нашле повеќе од три песни, кои, или ви се допаднаа или не. Без компромис.

Првата беше Рум, дум, дум, на Калиопи и Наум Петрески, која за малку ќе отидеше на Евровизија. Нејзиниот автор, маестро Кире Костов, во неа ја употребил целата своја фасцинација од македонската мелоритмика. Плановите беа големи, исто како и желбите, но, крајот покажа дека упорноста и младоста се нашето идно време. Нашите Next Time!

Втората песна која публиката ја воодушеви, а и ја разгневи, беа охридските Сленг. Нивното Генгста оро, мешавина на традиционалната музика и хип-хопот, ја размрда публиката навикната само на седење и млако ракоплескање. Кај ќе им беше крајот доколку имаа посилен вокал и подобра продукција?!

Зоран Трпков - човек-бенд сокриен зад името Рок агресори, со едноставната Динг-донг, беше вистинско освежување на Изборот. Нешто слично како лани Паркети, кои, сепак, забележаа малку подобар пласман.
Сe друго или не беше фасцинантно или фасцинацијата траеше додека траеше песната, па го заборавивме веќе со звукот на новата мелодија. Ако веќе нешто мора да се издвои вака или онака, тоа би бил Александар Белов, кој несомнено заслужуваше подобра песна од Застани, солзи избриши. Неговиот колега од Операција триумф - Кристијан ја пееше Нема да зборам, и беше пријатно изненадување за сите. Без оглед што не се најдоа во финалето, добар впечаток ни оставија: Патници и Дијана, Лили, Наде Талеска, Ана Симоновска, Трета димензија, Памперси, Водолија... Сепак, подобар пласман бара и подобри песни, иако во музиката е релативна работа што е добро, а што не е. Условно кажано, ова не беше доволно добро...

На крај, според традицијата, треба да се сумираат работите! Во култниот филм Однесено од виорот, Скарлет О’Хара вели: Утре е нов ден!

Останува да видиме дали новиот ден ќе ни донесе и нови радости. Дали Next Time во Москва ќе нe израдуваат или ќе бидат констатација за уште еден лош избор?!

Симболично, нов ден е и шанса за нов почеток. Совршена можност за сите оние што знаат да учат на туѓите, но и на своите грешки!

Иван Беќковиќ,
Теа модерна

mace

Broj postova : 57
Registration date : 16.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Sophie čet vel 26, 2009 4:15 am

Sophie
Sophie

Female
Broj postova : 2233
Location : Makedonija
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by exi čet vel 26, 2009 12:33 pm

Флеш Вести


Евровизиската сцена затрупана во невкус


Модната критика имаше полни раце работа броејќи ги грешките во изгледот на изведувачите на годинашниот Избор за песна за Евровизија, кој се одржа викендов.
Модниот критичар Снежана Јаначковска-Богдановска нагласи дека грешките годинава биле многу повеќе отколку погодоците.
- Забележливо е драстично лутање во изгледот заради впечаток по секоја цена, а што сакале да постигнат, не се на чисто ни тие самите. И во случаи кога кај некои изведувачи фризурата и шминката беа добри, немаше комплетно заокружување на стајлингот. Придружните танчари, пак, имаа катастрофален стајлинг. Се работи за незнаење и за тотален невкус - забележува Јаначковска.
На дизајнерката Билјана Каран ниту еден од изведувачите не и оставил особен впечаток на домашниот евровизиски избор. Според неа, со својот усогласен стајлинг се издвоил единствено младиот Александар Белов, кој заедно со танчерките изгледал добро на сцената.
exi
exi

Female
Broj postova : 678
Location : skopje
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Gost čet vel 26, 2009 1:25 pm

exclusiva je napisao/la:Флеш Вести

Според неа, со својот усогласен стајлинг се издвоил единствено младиот Александар Белов, кој заедно со танчерките изгледал добро на сцената.

Ja bih samo malo ispravku ovom novinaru, Aleksandar Belov je izgledao svetski. :little angel:

Gost
Gost


[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Videna čet vel 26, 2009 4:15 pm

Komentar za napisot od Bekstejdj.
Pa tie bi sakale da napisat se najdobro za Aleks no politikata na televizijata ne dozvoluva.Aleks e samo kolateralna steta na A1 tel(mediumska vojna na A1 i Sitel).
Sepak podolu vo tekstot se gleda deka se obzemeni od privlecno odbivni custva.Kako i da e priznanieto odlicen peac i Balkanski car e jako.Steta sto toa ne stoi vo naslovot a ne nekoj debakl sto jas ne smetam deka e taka.Od 32 izveduvaci da se bide 7/8 mesto e mnogu za pocetok so losa pesna.
Pozz
Videna
Videna

Female
Broj postova : 2502
Location : Skopje Mk
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by emili_ja čet vel 26, 2009 8:04 pm

26. февруари 2009.

Златни Бубамари за Белов, Next Time, Македонски рози, Браќата Тавитјан...

Синоќа во Универзалната сала се одржа 12-то издание на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста. Традиционално, ја отворија Супер ѕвездичките, по што продолжи забавата, која изобилуваше со многу пеење и смеење.

Бидејќи МММ е музичка страница, ќе ги издвоиме добитниците на музичките награди:

Најперспективна група: Next Time
Откриетие на годината: Александар Белов
Хит на годината: My Little One – Тоше и Кристијан
Албум на годината: Македонски рози
Спот на годината: The Hardest Thing – Тоше Проески
emili_ja
emili_ja

Female
Gemini Broj postova : 1813
Age : 54
Location : Kumanovo
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Sophie pet vel 27, 2009 3:28 am

„ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ ПОРАЧА:

Европо, отвори врата доцниме како бруто-плата
Вака звучеше „Инсјеме“ од Тото Котуњо во верзијата на „Златна бубамара“ чие 12. издание на комичен начин се осврна на актуелни теми


Гарабет Тавитјан доби награда за животно дело

Веселата академија, предводена од Ранко Петровиќ, творецот на „Златна бубамара на популарноста“, на завчерашното 12. издание на манифестацијата, уште еднаш понуди одлично сценарио и режија, надополнето со квалитетни музички точки. Публиката во преполната Универзална нема да ги заборави миговите на смеа предизвикани од концептот што, на препознатлив начин, со доминација на кумановскиот дијалект, го презентира водителот, актерот Сашко Коцев.

ПАК НЕ ГИ СЛЕДИМЕ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ

„Без разлика дали сте политичар или аналитичар, отпуштете се и бидете дел од народот. А од овој народ никој ништо лошо не видел“ беа зборовите со кои на почетокот на манифестацијата организаторот им се обрати на публиката, навестувајќи оти на удар повторно ќе бидат актуелните теми во земјава. „Бубамарата“ почна со седумгодишниот Ишан од Индија, кој на клавир ја отсвири „Билјана платно белеше“. По неговиот настап Коцев му порача да ги поздрави неговите најблиски во Индија, кои можеби се и наши роднини, веројатно алудирајќи на една слична ланска „летна посета“ во Македонија.


„Паркети“ имаа оргинален настап пред публиката во Универзалната сала

Под мотото „Етаблирање на слободата на говорот“, Коцев почна да ги „обработува“ актуелните теми. Прва на „удар“ беше рецесијата. Неговата „анализа“ зошто не ја чувствуваме и заклучокот дека пак не сме во тренд (ја има во сите земји, но не и кај нас), предизвика многу смеа кај публиката. За спас од рецесијата во САД сценаристите на „Бубамара“ на Американците им ја понудија рекламната кампања „Ти си Македонија“ и нашето тајно оружје, Слободан Томиќ од „Гласот на народот“, со напомена неговата емисија трипати да ја репризираат на Си-ен-ен. Смеата кулминира со „советите“ како и каде да си ја најдете жената на својот живот.

- Ако барате жена економистка, одете во УЈП. Ако имате желба за цврста и едра жена, со црвени образи, одете на автопатот што води за Битола или за Куманово. А ако имате желба за очајна интелектуалка, посетете ја улица Бихаќка - реч меѓу другото Коцев.Своите актерски способности ги покажа во делот кога истакна како да ја најдете Античка Македонка. Одете кај „Бристол“ и кажете и' само „Јас сум Александар и ќе водиме љубов на секое емитување на рекламните спотови на владата на телевизиите“.


Актерот Владимир Лазовски во придружба на хорот „Кочо Рацин“ и водителот Сашко Коцев ја отпеа „Инсјеме“

ИЗДАНИЕ ПОСВЕТЕНО НА РЕТРО-МУЗИКАТА

Пријатно изненадување за публиката беше кога на сцената се појавија правнукот на Никола Карев, познатиот водител Игор Филевски-Филе и Елена Гули, внука на Питу Гули. Елена истакна дека се надева оти со проектот „Крушево етно-град“ конечно ќе заживее градот и му се заблагодари на Ранко Петровиќ за иницијативата на овој проект. Тој дел од манифестацијата беше во знакот на Крушево и на неговата историја. На сцената се качи и Кристијан, внукот на Тоше Проески, за да ја подигне наградата за спот и за хит на годината.

- Тажен сум што мојот вујко не е вечерва со нас. Ви благодарам за се' - им рече Кристијан на присутните во салата.Оваа „Бубамара“ беше во знак на ретро-музиката, а за неа се погрижија Дани и Тамара, со одличната изведба на теми од АББА, Александар Белов, Тони Зен, „Паркети“, „Некст тајм“, оперскиот пејач Марјан Николовски, Мите Димовски и Андријана Јаневска, Зоран Џорлев и „Рок-агресори“. Пораката од годинашното издание на Бубамара преку песна ја „испрати“ актерот Владимир Лазовски. Во придружба на хорот „Кочо Рацин“, тој го отпеа хитот „Инсјеме“ на Тото Кутуњо.


Една нумера отпеа и Александар Белов

Дел од стиховите на македонска верзија гласеа: „Европо, отворај врата доцниме ко бруто-плата. Европо, чекај не' ти, па кај ќе најдеш вакви бајадери, дојди лапни не' ти“. Манифестацијата заврши со спектакуларниот настап на Гарабет Тавитијан и неговите синови. Настанот од публиката го следеа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, европратеникот Ерван Фуере, пратеникот Јани Макрадули, кандидатот за претседател Љубе Бошковски, Мила Искреновиќ, независен кандидат за градоначалник на Општина Карпош.


Спотот за песната The Hardest Thing на Тоше Проески беше прогласен за најдобар, а Ранко Петровиќ (лево) статуетката му ја додели на неговиот внук Кристијан

Добитници на статуетките

За најперспективна група беше прогласена „Некст тајм“, а откритие на годината, Александар Белов. Хит на 2008 е My Little One на Тоше и Кристијан, албум „Македонски рози“, продуцент Мите Димовски, а спот, The Hardest Thing од Тоше. Концерт на годината е тој на браќата Тавитјан. Најпопуларна радиоемисија е „Утринска програма“ на „Антена 5“, а радиоводител: Виктор Петров - Викса.

Останати добитници се мобилниот оператор ВИП (за поддржување на спортот), Кире Лазаров (спортист), „Публицис“ (маркетинг-агенција), „Лебедово езеро“ (претстава). Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на „Вест“, доби статуетка за најчитана страница за колумната „Сакам да кажам“. Најдобар ТВ-проект е „Храна и вино“, а емисии „Ексклузив“, „Бекстејџ“, „Зевзекманија“ и „Зајди, зајди“. Оливер Митковски и Јелена Јованова беа прогласени за актери на годината.

Соња Алексоска Неделковска
Фото Слободан Ѓуриќ
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=50F118F88DF498419AFF732E89BB6C9C
Sophie
Sophie

Female
Broj postova : 2233
Location : Makedonija
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zoka pet vel 27, 2009 7:39 am

Една нумера отпеа и Александар Белов

edna ama vredna :)



Добитници на статуетките

За најперспективна група беше прогласена „Некст тајм“, а откритие на годината, Александар Белов. Хит на 2008 е My Little One на Тоше и Кристијан




toa e najbojle :hearts 031:
Zoka
Zoka

Female
Taurus Broj postova : 3544
Age : 38
Location : Strumica
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Darija pet vel 27, 2009 8:47 am



ЗЛАТНА БУБАМАРА


Вечер посветена на најдобрите во 2008 година

На манифестацијата изостанаа гостите однадвор, но забавата со домашните ѕвезди помина во одлична атмосфера

Ивона Саздовска

Во средата навечер, во Универзална сала во Скопје се одржа 12. „Златна бубамара на популарноста“ за најдобрите во изминатата 2008 година.

Традиционално, како и секоја година, на едно место можеа да се видат сите естрадни, актерски, телевизиски и радиоимиња, кои на свој начин успеаја да се изборат за добивање на златната статуета.

Симпатичниот водител Сашко Коцев во старт најави добра забава, хумор и музика за сите „млади пензионери“, „даночни обврзници“ и „пратеници од власта и опозицијата“.

Манифестацијата стандардно ја отворија малите суперѕвездички, кај кои и отиде првата награда за најпопуларна детска телевизиска емисија „Суперѕвезда“, која ја прими авторот и водител Дарко Мијалковски.

Криениот адут, изненадување за публиката, беше Индиецот Ишан Саксена, кој ја отсвири на пијано песната „Билјана платно белеше“.

Групата „Некст тајм“, која годинава ќе ги брани боите на Македонија на Евровизија во Москва, ја доби наградата за најперспективна група за 2008 година. Публиката веројатно очекуваше да го слушне евровизискиот хит, но Стефан и Мартин пријатно ги изненадија присутните со изведување на познатата италијанска песна „Италијана“.

Нивниот музички колега Александар Белов беше особено возбуден при добивањето на наградата за откритие на годината, па застанат пред микрофонот и' посвети едноминутна песна на златната статуета, која скромно кажа дека ја сонувал единаесет години.

Што се однесува до наградите за радиоемисии, колегијално им беа поделени награди и на Антена 5 и на Сити радио. Водителката Ана Шутиновска ја доби наградата за најпопуларна радиоемисија „Утринско возење“ на Антена 5, додека наградата за најпопуларен радиоводител отиде во рацете на Виктор Петров-Викса, кој симпатично изјави дека поради неговите утрински обврски, не стигнува да ја слуша Ана.

По блокот награди, следуваа минути за актерскиот перформанс на Коцев, кој и овој пат ја насмеа публиката и во одличен елемент успеа да им испрати порака на сите политичари, балансирајќи на сите страни.

Наградата за најдобра реклама замина во рацете на битолската Млекарница – за „бимилк“, додека најдобра маркетинг-агенција беше прогласена „Публицис“.

Оперската дива Весна Гиновска-Илкова ја имаше честа да ја прогласи најдобрата претстава за 2008 година, која ја доби балетот „Лебедово езеро“.

Изведбата на хитовите на групата АББА од страна на Дани и Тамара успеа да ја потсети публиката на старите добри времиња, за што добија заслужен силен аплауз.

Следуваше доделувањето на наградата за најчитана страница, која отиде во рацете на уредникот на „Вест“, Горан Михајловски, за рубриката „Сакам да кажам“, додека екипата на „А1 ексклузив“ ја доби наградата за најдобра телевизиска емисија. Иста награда добија и емисиите „Зајди, зајди“, која се емитува на Алфа ТВ, потоа „Зевзекманија“ на Канал 5 и „Бекстејџ“ на Сител.

Од спортските награди, сосема очекувано, за спортист на годината беше прогласен Кире Лазаров, додека мобилниот оператор ВИП ги однесе наградите за најголем поддржувач на спортот и за кампања на годината.

Оливер Митковски и Јелена Јованова ги добија наградите за најдобар актер и актерка за 2008 година, додека наградата за хит на годината и видеозапис доби песната „My little one“ на Тоше Проески и неговиот внук Кристијан, кој излезе на сцената да ја прими наградата. „Жал ми е што вујко ми не е тука за да ја прими наградата. Ви благодарам од негово име“, изјави Кристијан.

Продуцентот Мите Димовски ги собра наградите за албум на годината „Македонски рози“ и продуцент за 2008 година, додека за најдобар телевизиски проект беше прогласена емисијата „Храна и вино“.

Наградата за животно дело му беше доделена на врвниот музичар Гарабет Тавитјан-Гаро, додека неговите синови Дики и Гаро јуниор ја добија наградата за концерт на годината.

Пријатно изненадување за самиот крај беше перформансот на „А, бре, Македонче“, додека и хорот „Кочо Рацин“ заедно со актерот Влатко Лазевски ја изведе пародијата на познатата евровизиска песна на Тото Котуњо „Инсиеме“.

За разлика од минатите години, овој пат изостанаа наградите за најпопуларен пејач и пејачка на годината, но веројатно никој и не го забележа тоа премногу, зашто забавата беше одлична.

Иако изминатите години бевме навикнати на сцената да видиме и некој од ексклузивните гости од бившите ЈУ-простори, оваа година Ранко се одлучи за домашна забава, со што докажа дека и нашите ѕвезди умеат да направат одлична забава за сите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4D7E201C758090488337141339D495D1
Darija
Darija
ANĐEO FORUMA
ANĐEO FORUMA

Female
Broj postova : 413
Location : Srbija
Registration date : 17.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zoka pet vel 27, 2009 9:03 am

Нивниот музички колега Александар Белов беше особено возбуден при добивањето на наградата за откритие на годината, па застанат пред микрофонот и' посвети едноминутна песна на златната статуета, која скромно кажа дека ја сонувал единаесет години.




pa neka ucat i drugite kako e da se bide skromen...detovo si ja kaza vistinata...znaci najvise vredi :big hug:
Zoka
Zoka

Female
Taurus Broj postova : 3544
Age : 38
Location : Strumica
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by emili_ja pet vel 27, 2009 10:40 pm

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164094&idg=9&idb=2610&rubrika=%40ivot

"11 години сакав да сум дел од "Златна бубамара", но нема карти. Оваа година конечно успејав да добијам влезница", се пошегува на сцената Александар Белов, кој ја доби награда за откритие на годината. Белов одлично ја испеја "Кој да ти каже Ивана", евергринот од Кемал Монтено. Подоцна Сашо од "Паркети" го поздрави за време на настапот и му дофрли дека тој лично ќе му напише добра песна за него.
emili_ja
emili_ja

Female
Gemini Broj postova : 1813
Age : 54
Location : Kumanovo
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by exi sub vel 28, 2009 1:52 am

МММ открива...

Кои се најсимнуваните евровизиски mp3-ки!?

На Вашата иницијатива направивме пресек на најсимнуваните евровизиски mp3-ки, поставени на MMM.com.mk. Од вкупно 32 песни, испеани во две полуфинални вечери, со дозвола на изведувачите и авторските тимови, досега објавивме 29, што е повеќе од 90%.

Убедливо најсимнуваната евровизиска mp3-ка е победничката на Next Time – Нешто што ќе остане. По неа следат: Александар Белов (Застани, солзи избриши...), Влатко Илиевски (Најбогат на свет), Сленг (Генгста оро), Калиопи & Наум (Рум, дум, дум)...

Во првите десет се и: Влатко Лозаноски (6-ти), Браво бенд (7), Рок Агресори (8), Ристо Самарџиев & Зоран Џорлев (9) и Даниел (10-ти)...

Еве ја комплетната Tоп-листа на најсимнуваните евровизиски mp3-ки

1. Next Time – Нешто што ќе остане

2. Александар Белов - Застани, солзи избриши...

3. Влатко Илиевски - Најбогат на свет


Zadnja promjena: exclusiva; sub vel 28, 2009 2:54 am; ukupno mijenjano 1 put.
exi
exi

Female
Broj postova : 678
Location : skopje
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Sophie sub vel 28, 2009 2:07 am

pesnata na next time ja stavija 5 dena pred na Aleksandar pa zatoa e na prvo mesto

eve vi i izjava za toa od MMM:

Важно! Иако mp3-ките беа пуштани дел по дел, тоа не им пречеше на некои пејачи, како Александар Белов (чија песна ја добивме меѓу последните), одлично да се позиционираат.


Zadnja promjena: Sophie; sub vel 28, 2009 2:51 am; ukupno mijenjano 2 put/a.
Sophie
Sophie

Female
Broj postova : 2233
Location : Makedonija
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Videna sub vel 28, 2009 2:13 am

A koga ke stavat NAJSAKAN PEJAC SE ZNAE KOJ KE BIDE NELI?
Videna
Videna

Female
Broj postova : 2502
Location : Skopje Mk
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Go Ka sub vel 28, 2009 2:14 am

Sophie je napisao/la:pesnata na next time ja stavija 5 dena pred na Aleksandar pa zatoa e na prvo mesto
Toa e najnormalna rabota ...da ja stavea na next time pokasno ke videvme dali ke bea prvi :)
Go Ka
Go Ka
Moderator
Moderator

Female
Broj postova : 4272
Location : Strumica/Makedonija =)
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by exi sub vel 28, 2009 2:57 am

Videna je napisao/la:A koga ke stavat NAJSAKAN PEJAC SE ZNAE KOJ KE BIDE NELI?

Ne e tesko da se pogodi :Aleksandar: :star 2: :star 2:
exi
exi

Female
Broj postova : 678
Location : skopje
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by shiny uto oľu 03, 2009 1:24 am

ova e postara informacija, ama mislam deka kako slika ja nemame

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Najmomce

inaku stranata e http://www.taa.com.mk/naslovna2oktombar.html
shiny
shiny

Female
Broj postova : 277
Location : Skopje
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Tajna uto oľu 03, 2009 1:14 pm

Čitateljke makedonskog tinejdžerskog magazina "Ta" Aleksandru Belovu dodjelile su nezvaničnu titulu "najmomka godine". Trećeplasirani student balkanskog rijaliti šoua "Operacija trijumf" imao je duplo više glasova od konkurenata, među kojima su najpoznatiji makedonski pevači, manekeni, sportisti... Ovaj, sad već tradicionalni izbor organizovan je šestu godinu zaredom. Među onima koji su do sada glasovima čitateljki proglašeni "najmomkom godine" bio je i Toše Proseski, potom maneken Ivica Smilkovski...Zbog toga što je povučen, nenametljiv, miran, prije svega talentovanog Belova su i do sada poredili sa „balkanskim anđelom“ koji je, nažalost, tragično stradao u saobraćajnoj nesreći, uz konstatacije da ima sličnu harizmu koju je Proeski imao. Čitateljke pomenutog časopisa svojim glasovima su samo dale još jedan prilog tvrdnjama da bi Aleksandar mogao postati Tošetov nasljednik na muzičkoj sceni.Uskoro će i živjeti na relaciji Skoplje - Beograd, te planira da upiše Fakultet organizacionih nauka u Skoplju jer smatra da je diploma u životu veoma bitna. Paralelno sa priprema za festival, radi i na pjesmi za prvu kompilaciju studenata „Operacije trijumf”, a kaže da se najbolje snalazi u pop-roku i baladama.
Tajna
Tajna
Admin
Admin

Female
Taurus Broj postova : 2903
Age : 45
Location : Hrvatska
Registration date : 12.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by goca-ge uto oľu 03, 2009 2:29 pm

Svet, 27.02.2009

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Untitled-2
goca-ge
goca-ge

Female
Broj postova : 2034
Location : Skoplje
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by mina_8377 uto oľu 03, 2009 2:32 pm

Super e :big hug:
mina_8377
mina_8377

Female
Broj postova : 61
Location : MKD
Registration date : 26.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by alex_fan uto oľu 03, 2009 2:53 pm

lele vaka koga ke procitam nesto ubavo za nego, srceto mi e polnooooooo, dusata toplaaaaaaaaa, energijata pozitivnaaaaaaaaa, raspolozenieto exstra.....
alex_fan
alex_fan

Broj postova : 476
Location : Strumica
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zoka uto oľu 03, 2009 3:17 pm

goca-ge je napisao/la:Svet, 27.02.2009

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Untitled-2




i stil i ubavina i sve ma ne treba 5 nego ocena 10......presrekna sum koga citam ubavi nesta za nego..... :hearts 031:
Zoka
Zoka

Female
Taurus Broj postova : 3544
Age : 38
Location : Strumica
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by aleksandra čet oľu 05, 2009 12:56 am

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 N1578011

vistina e ova?... :think:
aleksandra
aleksandra

Female
Pisces Broj postova : 19
Age : 41
Location : Skopje
Registration date : 01.03.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 5 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Sponsored content


Sponsored content


[Vrh] Go down

Stranica 5 / 40. Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 22 ... 40  Next

[Vrh]

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Ne moľeą odgovarati na postove.