Aleksandar Belov - Fan Club i Forum / Александар Белов - Фан клуб и форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

+68
Mila03
Ana va
aazar
даша
malena
darcy
lepotica
Anchika95
mk_snajka
stf385
**Dadi**
bikica
dea
enisa
Zana 200
lucky
arena
Marija5554
sanja444
maja5
Marina
ANA
makisoul
klimt
hipnotic
Liliput
Viktoria
niveaaa
Gea
aurelija
lelakostova
SoleSrbija
Daniela
caci*alex
Maki
Happy
Sanjchi
ica
Зорана
aleksandra
alex_fan
mina_8377
shiny
Tajna
Videna
dederaj
sibilla
beltina
Darija
mace
Rossa
Zora
anata
emili_ja
Lu_Lu13
Sophie
**Reneesme**
Keti
Go Ka
exi
Anuska
MayaOk
Galence
jasmina k
goca-ge
Zoka
сонце
jasna
72 posters

Stranica 12 / 40. Previous  1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 26 ... 40  Next

Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Tajna čet oľu 19, 2009 1:48 pm

Reneesme, jesi se ti malo napila? :drinking:
Tajna
Tajna
Admin
Admin

Female
Taurus Broj postova : 2903
Age : 45
Location : Hrvatska
Registration date : 12.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Anuska čet oľu 19, 2009 7:00 pm

Malku postar prilog izvor- utrinski vesnik

Момче Македонче на патот кон триумфот

Симпатичниот неготинец Александар Белов во шоуто „Операција триумф“ веќе четири недели има најмногу гласови од публиката

Од почетокот на реалното шоу „Операција триумф“, преку кое Балканот ќе ја избере новата музичка ѕвезда, македонската јавност е фокусирана кон кандидатот кој веќе неколку недели е број еден според освоените гласови Александар Белов.

Симпатичен и скромен, можеби и премногу едноставен за целиот гламур, Александар доаѓа од Неготино и моментно е еден од најуспешните кандидати на „Операција триумф“, кој од недела во недела и' докажува на целата јавност дека навистина со право ги заслужува секој добиен глас и поддршката од своите обожаватели.

За неговото однесување во куќата каде што престојува со преостанатите кандидати велат дека е идентично со она каков што е тој приватно.

Роден на 7 февруари пред 21 година, со завршено Средно музичко училиште во Битола, тој е на чекор да го оствари својот голем сон, да се занимава со музика и да направи успешна кариера по која ќе стане препознатлив на Балканот и пошироко.

Неговиот брат Иван вели дека имал многу обиди да се пробие на македонската музичка сцена, но сите завршувале безуспешно се' додека не се случила „Операцијата триумф“.

„Сите во семејството знаевме дека еден ден Александар ќе има можност да им покаже на сите дека навистина умее да пее. Постојано му велев дека мора да биде трпелив и да ги почека своите пет минути, за што никогаш не се сомневав дека ќе дојдат, иако понекогаш изгледаше многу тешко да се успее. Оваа сцена бара многу и ако немате шанса да се докажете, влегувањето во тие води оди многу комплицирано. Среќни сме што сега Александар е дел од ’Операција триумф‘ и се надеваме дека ова реално шоу ќе му го отвори патот кон успехот“, истакнува Иван.

Александар бил познат преку настапите со својот бенд во Неготино и околината, каде што во околните кафе-барови ги забавувал гостите со својот репертоар со песни од поранешните ЈУ-групи.

Токму на една таква свирка бил забележан од екипата на емисијата „Ексклузив“, со што започнала авантурата на патот до „Операција триумф“.



„Благодарение на случајната средба со екипата на емисијата, сега Александар е дел од големото шоу“, продолжува Иван. „Имал среќа да успее и сите се надеваме дека ќе заврши барем меѓу првите петмина, па и да стане нова балканска ѕвезда. Целото семејство му даде поддршка од самиот старт, како и неговиот град, а убеден сум дека, покрај од Македонија, досега успеал да собере и фанови од другите земји-учеснички во шоуто. Беше редовен на аудициите и трипати беше во Белград, по што следуваше првата гала-вечер каде што се натпреваруваше за влез во куќата. Се сеќавам дека сите бевме под притисок дали ќе влезе, но откако го слушнавме неговото име, другото е историја само по себе. На сите гала-вечери досега беше најдобар и со најмногу гласови, а искрено се надевам дека така ќе остане до самиот крај“.

Досега Александар ја отпеа песната „Љубовник“ во дует со мајсторот на убавиот шлагер Жељко Самарџиќ, кој по завршувањето на четвртата гала-вечер, каде што беше специјален гостин, изјавил дека бил воодушевен од интерпретацијата и од вокалниот потенцијал на Александар.

Сличен став има и Борис Новковиќ, кој заедно со Александар ја отпеа легендарната „Тамара“, при што публиката во еден глас го придружуваше својот миленик до самиот крај.

„Можеби звучи субјективно, но мислам дека нема песна што не би можел да ја испее. Од малечок се дружи со музиката, своето образование го насочи во тој правец и би била голема штета доколку не успее да го оствари тоа за што сонува цел живот“, појаснува Иван.

Пред да стане популарен меѓу своите сограѓани, Александар работел како менаџер во една кладилница, при што токму сопственикот Драган Миовски бил најголем виновник за учеството во „Операција триумф“.

Приватно, Александар ужива да поминува време со пријателите на своите омилени места за излегување, да одигра една добра партија на „сони плејстејшн“ или да погледне Формула 1, при што навива за Ралф Шумахер.

Важи за омилен меѓу девојките, особено по влезот во „Операција триумф“, со што популарноста кај спротивниот пол рапидно му се зголемила.

„Скромноста и мирниот темперамент имаат удел во севкупната слика за Александар. Таква е неговата природа и девојките го сакаат таков каков што е. Има сосема поинаков пристап кон девојките што сосема се разликува од класичниот балкански стил“, ни откри брат му Иван.

До крајот на финалниот избор на „Операција триумф“ има уште многу. На прашањето дали може да очекуваме поинакво однесување на Александар во куќата, неговиот брат Иван ни одговори дека нема да се случи такво нешто.

„Познавајќи го, верувам дека ќе остане таков до самиот крај. Горди сме што успеа да дојде дотука и се надеваме дека популарноста ќе го следи и понатаму. Во секој случај, остануваме да му бидеме најголема поддршка“.

Во меѓувреме, за да не се почувствува осамено, друштво ќе му прави и новиот член на куќата, Македонецот Кристијан, за кого се надеваме дека ќе успее да го повтори успехот на Александар и со тоа да го потврди правилото дека нашата земја има навистина многу успешни млади музички таленти.
Anuska
Anuska

Female
Virgo Broj postova : 1108
Age : 36
Location : Skopje, Macedonia
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Anuska čet oľu 19, 2009 7:01 pm

znaci od denes pratime i formula i navivame za Ralf Shumaher :)
Anuska
Anuska

Female
Virgo Broj postova : 1108
Age : 36
Location : Skopje, Macedonia
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Anuska čet oľu 19, 2009 7:05 pm

Весна Петрушевска

Да се разбереме, јас сум фан на „Операција триумф“, пред се', од аспект на продукција и ТВ-производ, бидејќи станува збор за врвна понеделничка забава. Друга е темата дали е ова или не е патетично, братство - единство или жал за младост... Имам неколку генерални забелешки, а тоа е, пред се', дека треба да имаат членови на жири од земјите-учеснички еднакво. Се извинувам, ама и ние имаме музички продуценти, автори кои треба да бидат дел од жирито. Што се однесува до водителите, ако веќе А1 е партнер, наметнете македонски водител. Да не имаме рогови?... Имаме млади згодни девојки, убави, шармантни, кои притоа нема да објавуваат голи слики што сами си се сликаат во хотели (патем, Пишек е прекрасна). Понудете му на Џамбазов, тој е мама и тато за Калиниќ и за Маца... Не знам, имам впечаток дека по линија на мал отпор ги правиме работите.

Александар е прекрасно младо момче. Она што ми пречи е дека по секоја цена сакаат да му се случи гаф, малиот треба да издржи... Сега му сервираат дека не е толку добар, воспитан, скромен и мил, уште да му импутираат дека не пее тој, туку баба му. И не сум субјективна, малиот им држи лекција на сите за домашно воспитание и аман не мешајте го Тоше во оваа приказна, знам дека и тој самиот ќе се радуваше на успехот на детето од Неготино, во тоа беше единствен...

И, за крај, искрено не гледам друг фаворит освен Аце наш голем маж! Но, што ќе биде кога сето ова ќе заврши? Некој ќе треба да продолжи, е тогаш е вистинската борба!


Сузана Турунџиева

За „Операција триумф“ знам уште од средината на летото откако А1 потпиша ексклузивен договор за ова реално шоу. Бев ангажирана од моите претпоставени да присуствувам на македонската аудиција, односно да ги преслушувам и селектирам сите пријавени кандидати, кои продефилираа во текот на два дена. Беше многу напорно, но и интересно. Најстариот кандидат кој се пријави на аудицијата за „Операција триумф“ имаше 81 година. Имаше убави и смешни моменти. Морам да признам дека, преслушувајќи ги сите пријавени кандидати, Александар ни приближно не изгледаше како некој кој сега, на сите седум гала-вечери, ќе го има загарантираното прво место... Не дека не се претстави добро, туку дека на аудицијата овде во Скопје имаше и многу подобри од него, но, за жал, од нивни лични причини и обврски не се согласија да отидат во Белград. Било поради факултетот, било поради „Макфест“ итн. Многу ми е мило што благодарение на Александар, изминатите седум понеделници е убаво да си Македонец. Неверојатно е колку тој добро успева да ја тргне настрана тремата и целата своја енергија да ја канализира во вистинска насока. Пее точно, чисто и со умерена емоција, која е толку природна што се гледа од авион. Не би рекла дека некој од жирито му е наклонет, туку, едноставно, дека е среќно, скромно и талентирано момче, кое се нашло на вистинското место во вистинското време. Браво за Александар, секоја чест!

Живкица Ѓурчиновска

Реално шоу како тип и концепт на емисија не ми е омилен дел од програмата. Не ги сакам, ниту, пак, ги следам, особено затоа што кај нас доаѓаат со задоцнување. Последното издание на „Операција триумф“ го гледав поради анкетата и добро е што направив исклучок, бидејќи малку ми се врати вербата во ваков тип емисии.

Најважно од се' е што „Операција триумф“ има цел и тој натпреварувачки дух влијае инспиративно. Нашиот претставник Александар е талентирано момче, пее без напрегање, сосема природно, има убава боја на глас, харизма и достоинствено си ја претставува својата земја. Сосема доволно за да верувам дека целата приказна ќе заврши среќно.
Anuska
Anuska

Female
Virgo Broj postova : 1108
Age : 36
Location : Skopje, Macedonia
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zoka čet oľu 19, 2009 7:12 pm

Весна Петрушевска

Да се разбереме, јас сум фан на „Операција триумф“, пред се', од аспект на продукција и ТВ-производ, бидејќи станува збор за врвна понеделничка забава. Друга е темата дали е ова или не е патетично, братство - единство или жал за младост... Имам неколку генерални забелешки, а тоа е, пред се', дека треба да имаат членови на жири од земјите-учеснички еднакво. Се извинувам, ама и ние имаме музички продуценти, автори кои треба да бидат дел од жирито. Што се однесува до водителите, ако веќе А1 е партнер, наметнете македонски водител. Да не имаме рогови?... Имаме млади згодни девојки, убави, шармантни, кои притоа нема да објавуваат голи слики што сами си се сликаат во хотели (патем, Пишек е прекрасна). Понудете му на Џамбазов, тој е мама и тато за Калиниќ и за Маца... Не знам, имам впечаток дека по линија на мал отпор ги правиме работите.

Александар е прекрасно младо момче. Она што ми пречи е дека по секоја цена сакаат да му се случи гаф, малиот треба да издржи... Сега му сервираат дека не е толку добар, воспитан, скромен и мил, уште да му импутираат дека не пее тој, туку баба му. И не сум субјективна, малиот им држи лекција на сите за домашно воспитание и аман не мешајте го Тоше во оваа приказна, знам дека и тој самиот ќе се радуваше на успехот на детето од Неготино, во тоа беше единствен...

И, за крај, искрено не гледам друг фаворит освен Аце наш голем маж! Но, што ќе биде кога сето ова ќе заврши? Некој ќе треба да продолжи, е тогаш е вистинската борба!


Bravo vesna ne ni sumljev vo tebe
Anuske jas za Sumaher otsekogas sum navivala :lol 021:
Zoka
Zoka

Female
Taurus Broj postova : 3544
Age : 38
Location : Strumica
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Gea čet oľu 19, 2009 7:16 pm

Bravo ja sve sam pročitala i razumjela...
Gea
Gea

Female
Pisces Broj postova : 879
Age : 53
Location : RIJEKA
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Anuska čet oľu 19, 2009 7:24 pm

Zoka je napisao/la:Весна Петрушевска

Да се разбереме, јас сум фан на „Операција триумф“, пред се', од аспект на продукција и ТВ-производ, бидејќи станува збор за врвна понеделничка забава. Друга е темата дали е ова или не е патетично, братство - единство или жал за младост... Имам неколку генерални забелешки, а тоа е, пред се', дека треба да имаат членови на жири од земјите-учеснички еднакво. Се извинувам, ама и ние имаме музички продуценти, автори кои треба да бидат дел од жирито. Што се однесува до водителите, ако веќе А1 е партнер, наметнете македонски водител. Да не имаме рогови?... Имаме млади згодни девојки, убави, шармантни, кои притоа нема да објавуваат голи слики што сами си се сликаат во хотели (патем, Пишек е прекрасна). Понудете му на Џамбазов, тој е мама и тато за Калиниќ и за Маца... Не знам, имам впечаток дека по линија на мал отпор ги правиме работите.

Александар е прекрасно младо момче. Она што ми пречи е дека по секоја цена сакаат да му се случи гаф, малиот треба да издржи... Сега му сервираат дека не е толку добар, воспитан, скромен и мил, уште да му импутираат дека не пее тој, туку баба му. И не сум субјективна, малиот им држи лекција на сите за домашно воспитание и аман не мешајте го Тоше во оваа приказна, знам дека и тој самиот ќе се радуваше на успехот на детето од Неготино, во тоа беше единствен...

И, за крај, искрено не гледам друг фаворит освен Аце наш голем маж! Но, што ќе биде кога сето ова ќе заврши? Некој ќе треба да продолжи, е тогаш е вистинската борба!


Bravo vesna ne ni sumljev vo tebe
Anuske jas za Sumaher otsekogas sum navivala :lol 021:
zoko i jas, ama za drugiot brat Shumaher :) ama sega po bratska linija i za Ralf kje navivam
Anuska
Anuska

Female
Virgo Broj postova : 1108
Age : 36
Location : Skopje, Macedonia
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Galence čet oľu 19, 2009 8:13 pm

Boze kaj go iskopa ova Zokice,jas odsekogas velev ovaa Vesna e carica,samo ova do sega go nemav procitano ,Gambazov mama i tato za Kalinik i Maca se slozuvam so dve race potpisuvam :lol 021: :lol 021:
Galence
Galence

Female
Leo Broj postova : 1790
Age : 46
Location : /
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zora čet oľu 19, 2009 8:31 pm

Nesto postaro.
Александар Белов петти пат најдобар

На шестата гала-вечер од балканското музичко реално шоу „Операција триумф“ Александар Белов повторно го оправда епитетот омилен меѓу публиката и со тоа се пласира директно во следната емисија, без грижи за евентуална номинација или коментар од жирито.

Неверојатно, но вистинито, неготинецот Белов успеа да освои најмногу гласови од публиката, но и коментарите на жирито го потврдија неговиот квалитет. Тој ја имаше честа да настапи со некогаш многу популарната Марина Перазиќ, со која во дует ја отпеа песната „Воли ме још ову ноќ“, која важеше за ултрахит на групата „Денис и Денис“, во која членуваше пејачката.

Мислам дека од секоја песна успеваш да направиш интересна трансформација, која е пријатна за слушање, а има твој личен белег. Тоа го правиш многу добро, а имаш големи пофалби и за однесувањето во куќата. Навистина знаеме зошто си успешен секоја недела“, изјави Тончи Хулиќ во почетокот на елиминациите.
Можеби однесувањето на Александар и не би било коментирано доколку изминатава недела во куќата работите не излегле од контрола, со што бил доведен во прашање кредибилитетот на Академијата и на шоуто, воопшто.


Имено, поради се' почестите напади меѓу кандидатите и се' поголемото озборување, директорот на Академијата, Саша Драгиќ, одлучил на последната гала да ги номинира сите, при што жирито имаше право да спаси четворица од натпреварувачите, директорот - еден од кандидатите, додека самите учесници со гласање ја спасија Соња Бакиќ, девојката која најмногу го наруши угледот на целото шоу.

За жал, во номинираните влезе и вториот македонски претставник Кристијан Јованов, кој стана дел од реалното шоу минатата недела, откако на првата гала вечер не успеа да се пласира во најдобрите шеснаесетмина. Кристијан се претстави со темата на Сергеј Ќетковиќ со наслов „1.000 разлога“, при што успеа да ги освои симпатиите, особено од водителот Маца, кој ужива да се шегува со малиот Кристијан поради слабата комуникација на српски јазик.

Да се надеваме дека за Кристијан следната гала-вечер нема да биде пресудна, бидејќи според новото правило идниот понеделник од „Операција триумф“ ќе се збогуваат двајца од кандидатите.

Што се однесува до шестата гала-номинација, според СМС-пораките и според квалитетот на вокалот, Даниел Павловиќ успеа да остане во куќата и да ја испрати дома претставничката од Босна и Херцеговина, Јасмина Миџиќ, која изминатава недела постојано се закануваше дека ќе ја открие вистината за целото шоу, што веројатно дополнително ги разлути челниците на Академијата, како и самите кандидати.
Zora
Zora

Female
Broj postova : 209
Location : Skopje-Mkd
Registration date : 16.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zora čet oľu 19, 2009 8:41 pm

ОПЕРАЦИЈА ТРИУМФ” - ШОУ ОД КОЕ ЗАСТАНУВА ЗДИВОТ



Мега популарното шоу или познатата Академија „Операција триумф” е телевизиски проект на кој работат стотици професионалци од Србија и е еден од најскапите проекти кај нас со вкупен буџет од 7 милиони евра. Шоуто е доста популарно и кај нас во Македонија а во него студенти од пет држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, повеќе од три месеци живеат заедно на Музичката академија и од еминентни професори по музика и танц учат како се станува позната светска ѕвезда. Студентите секој понеделник имаме прилика да ги гледаме на популарните гала-вечери, каде рамо до рамо со светски ѕвезди покажуваат што научиле на Академијата.

Ретката прилика да се биде дел од „Операција триумф” и да видат како изгледа целокупната организација ја имаше екипата на емисијата „Ритамот на градот” која се емитува на ТЕРА телевизија.

Наташа Николоска и Маја Мискарова полни со импресии за нашите читатели откриваат како изгледа организацијата и реализација на овој грандиозен проект.
Битолски весник: На почеток, како поминавте на мега популарното шоу „Операција триумф”?

Наташа: Сонував да одам на „Операција триумф” и на моја среќа желбата ми се исполни. На покана на господинот Љупчо Арнаудов кој е сопственик на спортските обложувалници “Џокер” и воедно спонзор на македонскиот претставник Александар Белов во Белград, имавме прилика да присуствуваме на гала вечерта на Кошутњак. Интересно е и тоа што Александар, нашиот претставник на шоуто „Операција триумф” работи во една од овие обложувалници во Неготино. Љупчо сакаше да награди двајца битолчани со патување на шоуто бидејќи токму битолчани најмногу гласале за Александар. Па така не покани заедно со Маја да одиме да снимаме во Белград. Бевме воодушевени и воопшто немавме дилема дека ќе имаме ден за паметење.

Маја: Патот до Белград беше долг посебно на студеното време, но она што го видовме таму ги оправда сите наши очекувања. На „Операција триумф” имавме можност во живо да ги слушнеме Александра Радовиќ и Горан Каран, кои јас сум ги слушала во живо на други фестивали, но никогаш не звучеле подобро, потоа познатиот ди-џеј Џуниор Џек и се разбира нашите омилени тв лица студентите од Академијата.

Колку претставници од Македонија ве имаше на Кошутњак?
Наташа: На 12- тата гала вечер, еден автобус исполнет до последното место замина за Белград. Бевме околу 40 луѓе. Но, имаше и такви кои беа дојдени со автомобили. Важно е да се напомене дека имаше список според кој влегуваа луѓето на шоуто. И надвор од планираното не можеше „пиле да прелета“. Ми се допадна таа совршена организација. Инаку, автобусот со обожавателите на Александар патува за Белград секој понеделник од почетокот на шоуто. Во автобусот со нас заедно патуваа и родителите на Александар. Тие ми ја раскажаа својата приказна на една пауза за ручек за време на патувањето. И двајцата се невработени. Александар работи и ги издржува. Кога мајка му се жалела за тешката финансиска ситуација во која се наоѓале, Александар ја тешел со зборовите: Кога еднаш ќе станам ѕвезда се ќе се промени. Мајка му секако не му верувала.

Маја: Таа гала-вечер екипата на ТЕРА телевизија беше единствената која допатува да ја следи, иако сите знаеме дека ексклузивитетот го имаат А1 телевизија, сепак, ние успеавме да сме единствените покрај нив кои ќе можат да емитуваат ексклузивни снимки од самото шоу. Така јас и Наташа бевме единствените медиумски претставници на 12-тата гала-вечер и навистина се чувствуваме почестени.
Од она што имаме прилика да го видиме преку малите екрани, сцената е навистина грандиозна и се гледа дека на самиот проект работат стотици професионалци. Какви се вашите импресии?
Наташа: Воодушевена сум. Организација од која ти се одзема здивот. Ние бевме прво сместени во вип соба за новинарите и каде и да одевме за нас се грижеше обезбедување.Потоа не сместија во вип-ложата за новинарите од каде и го следевме шоуто. И повторно до нас, обезбедување. Она што ме фасцинира е брзата промена на сценографијата. За неколку минути се беше подготвено за следниот натпреварувач. Вистинско шоу со запазени, би рекла, светски стандарди.

Маја: Импресиите од посетата на „Операција триумф” се неверојатни, ова шоу кое до пред неколку дена имав можност да го гледам само на тв екраните, во живо уште повеќе ме воодушеви. Од организацискиот дел до самиот концепт за шоуто имам само пофални зборови. Ако смеам гласно да размислувам би посакала и ние да имаме едно вакво шоу во нашата земја.
Успеавте ли да дојдете до некој од студентите на Академијата кои се финалисти на шоуто или пак новинарските екипи немаат пристап до нив?

Наташа: Никој од новинарите, дури ни оние кој го имаат ексклузивитетот за целосно пренесување на шоуто „Операција триумф” немаат пристап до натпреварувачите. За да направиш интервју со некој од натпреварувачите ти треба посебна дозвола, што во превод значи дека нема шанси да се дојде до нив!

Маја: За жал, немавме пристап до студентите, нашиот претставник Александар Белов Македонски како што пишуваше на блузоните кои ни ги подарија заедно со навивачките материјали, не се виде ниту со своите родители, само ги поздрави во публиката.
Македонскиот претставник Александар е фаворит на сите гала-вечери. Кои се коментарите во Белград, со што ја освои тој публиката, со добриот вокал или пак со скромноста по која стана препознатлив?

Наташа: Александар Белов е одличен вокал, но сигурно не е само тоа пресудно за да се биде миленик на публиката, иако е важно, секако. Во тој круг на талентирани млади луѓе тешко дека ќе се пробиеш ако не си и самиот талентиран. Но, она поради кое Александар е миленик на публиката е секако и неговото однесување кое се карактеризира со ск-ромност и едноставност. Тој е навистина добро воспитано момче со кое ние треба да се гордееме зашто мора да признаеме дека има се помалку воспитани, едноставни и скромни луѓе во шоу-бизнисот и воопшто меѓу младите луѓе. Она што го прави фаворит е секако и сличноста со македонскиот непребол Тоше Проески. Не може, а да не се забележи дека и двајцата ги красат слични особини како едноставноста и скромноста. Тоа е она што ги тера луѓето да го сакаат Александар. Мислам дека Александар не бара да биде замена за Тоше, како што најчесто го обвинува жирито затоа што е доволно паметен за да знае дека Тоше е незаменлив. Но, мислам и тоа дека таа фасцинација од Тоше, всушност го доведе Александар овде каде што е.

Маја: Токму скромноста и доблеста е она со што Александар ја освои публиката од екс-југословенските простори, иако некои велат дека тука игра улога и носталгијата за никогаш непрежалениот Тоше Проески.

Според анкетите кои ги има на повеќе интернет-сајтови во Србија, Александар и Даниел се борат за победа. Можен ли е пресврт на самиот крај? Што мислите?

Наташа: Не верувам! Но, секако дека можен е пресврт. Повеќе од очигледно е дека Даниел е премногу форсиран и фаворизиран. Во новинарските кругови во Белград се зборува дека продукцијата која стои зад „Операција триумф” е истата продукција која стоела зад Марија Шерифовиќ на изборот на Евровизија. А нели Даниел и Марија се брат и сестра? Во поглед на ова прашање мислам дека пресврт е можен, но само ако има некакви неправилности и злоупотреба зашто повеќе од јасно е дека нема кој да гласа за Даниел. Тој никогаш досега не бил во топ четворката. Ако тоа се случи мислам дека продукцијата која стои зад „Операција триумф” сама ќе си „пресуди“ и ќе го изгуби кре-дибилитетот што го ужива во моментов.
Маја: Во ваквите шоуа секогаш постојат изненадувања, но нам ни останува само да гласаме и да ги стегаме палците за нашиот Александар.
Долго време сте пред малите екрани. Има ли Македонија капацитет да организира барем приближно некој ваков голем телевизиски проект?

Наташа: Не. Кој би го водел?

Маја: Јас верувам во себе, верувам во новинарскиот капацитет што го има во нашата земја со оглед на тоа што се познавам со најголем дел од новинарите, верувам во талентот што го поседуваат нашите Македонци и знам дека имаат многу што да понудат, но би сакала да се најде еден продукциски тим кој ќе оствари нешто барем приближно добро како „Операција триумф” зошто и ние тоа го можеме.
Васка.М.Младеновска




http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=e2eec7c8-d99a-455c-9b7c-c583fcec21c4
Zora
Zora

Female
Broj postova : 209
Location : Skopje-Mkd
Registration date : 16.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by anata čet oľu 19, 2009 9:23 pm

fala vi na sevo ova ubavo e malce da se procita retrospektiva
anata
anata

Female
Cancer Broj postova : 1677
Age : 32
Location : Bitola, Makedonija
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Zoka čet oľu 19, 2009 9:43 pm

Во автобусот со нас заедно патуваа и родителите на Александар. Тие ми ја раскажаа својата приказна на една пауза за ручек за време на патувањето. И двајцата се невработени. Александар работи и ги издржува. Кога мајка му се жалела за тешката финансиска ситуација во која се наоѓале, Александар ја тешел со зборовите: Кога еднаш ќе станам ѕвезда се ќе се промени. Мајка му секако не му верувала.


Off sta reci osim da sam ponosna na to sto sam fan na takvu licnost...ALEKSANDRE GORE GLAVA POMINA TESKITE VREMINJA I MAKI
Zoka
Zoka

Female
Taurus Broj postova : 3544
Age : 38
Location : Strumica
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by shiny čet oľu 19, 2009 10:26 pm

Дневен весник Шпиц, четврток, 19 март 2009

Балканска прошетка на Операција триумф


Учесниците на популарното музичко шоу „Операција триумф“ на 19 и на 20 април во „Сава центар“ ќе ги одржат своите први концерти, со кои ја почнуваат балканската турнеја, која ќе ги опфати Скопје, Сараево, Подгорица и Загреб. Дванаесет студенти од Академијата, меѓу кои нашиот Александар Белов, Џорџе Гогов, Вукашин Браиќ, Никола Сариќ, Ана Бебиќ, Игор Цукров, Соња Бакиќ, победникот Аднан Бабаиќ, Нина Петковиќ, Милица Мајсторовиќ, премиерно ќе ги испеат песните кои се најдоа на првата компилација на „Операција триумф“, која треба да биде издадена при крајот на март.
- Репертоарот на концертот ќе биде сочинет од странски и од домашни хитови, песните од Беовизија, како и песните на студентите, кои ќе се најдат на првата компилација - изјавила Маринела Квапил, портпаролка на продуцентската куќа „Емоушн“.
Таа дополнува дека концертите ќе изгледаат слично како гала-вечерите во шоуто, со специјални ефекти и со скапа опрема и нагласува дека наскоро во продажба ќе бидат пуштени билетите за овој музички хепенинг.
Горан Стаменковиќ од продукцијата „Емоушн“ нагласува дека во текот на оваа и во следната година планираат да издадат уште две компилации со песни и очекуваат понуди од музичките автори од поранешните ју-простори.
- Во текот на турнеите и настапите студентите сами ќе испливаат и тогаш ќе се одлучи чиј албум ќе се сними прв. Им рековме на авторите дека ни се потребниот околу осумдесет добри песни - изјави тој.
Како што претходно беше најавено, од шоуто се формира и еден интересен машки бенд составен од Никола Сариќ, Никола Пауновиќ, Ѓорѓе и Вукашин, кои настапија на Беовизија со песната „Благослов за крај“, но сепак за влакно им избега победата.
На домашните фестивали за избор на евровизиска песна се појавија и некои од останатите учесници во „Операција триумф“, Црногорката Нина Петковиќ пееше на Монтевизија, Ана Бебиќ се појави на хрватската „Дора“, Милица Мајсторовиќ во дует со Даниел Павловиќ учествуваше на Беовизија, но само Хрватот Игор Цукров успеа да победи на домашниот избор и да ја претставува Хрватска на Евровизија во Москва. А, пак, победникот на шоуто „Операција триумф“, Босанецот Аднан Бабаиќ, кој честопати изјавуваше дека со сигурност е загарантирано неговото учество на босанскиот избор за евровизиска песна не ни учествуваше на изборот.


http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=803&ArticleID=31401
shiny
shiny

Female
Broj postova : 277
Location : Skopje
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Maki čet oľu 19, 2009 10:30 pm

Има сосема поинаков пристап кон девојките што сосема се разликува од класичниот балкански стил“, ни откри брат му Иван.....................gi paralizira so pogledot verojatno
Maki
Maki

Female
Sagittarius Broj postova : 1052
Location : na more
Registration date : 26.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by niveaaa pet oľu 20, 2009 12:01 pm

Sve procitala i razumjela :)
Hvala Anuska, Zoka, Zora i Shiny!

niveaaa

Female
Libra Broj postova : 239
Age : 56
Location : sarajevo
Registration date : 03.03.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by **Reneesme** pet oľu 20, 2009 1:27 pm

Tajna je napisao/la:Reneesme, jesi se ti malo napila? :drinking:

hmmm zašto Tajna ???
**Reneesme**
**Reneesme**

Female
Pisces Broj postova : 533
Age : 30
Location : Hrvatska - Sisak
Registration date : 18.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by beltina pet oľu 20, 2009 1:33 pm

Zakazani prvi koncerti

UČESNICI OPERACIJE TRIJUMF ZAVRŠAVAJU NUMERE I PRIPREMAJU SE ZA TURNEJU

Podgorica - Učesnici „Operacije Trijumf” održaće prve koncerte u beogradskom „Sava centru” 19. i 20. aprila, a nastupiće Nina Petković, Đorđe Gogov, Vukašin Brajić, Nikola Sarić, Nikola Paunović, Adnan Babajić, Ana Bebić, Igor Cukrov, Sonja Bakić, Aleksandar Belov, Danijel Pavlović, Milica Majstorović i Antonija Besednik.

Mladi pjevači izvešće numere domaćih i stranih muzičara, kao i pjesme sa kompilacije, koja će izaći prije koncerta, pod etiketom izdavačke kuće “Emotion”. Ova dva nastupa biće početak velike turneje po gradovima regiona.
- Ovih dana definitivno ću se posvetiti snimanju pjesme “Bezobrazno” koja je trebalo da bude završena prije nekoliko nedjelja. Međutim, zbog mojih i obaveza “Emotiona” to je odlagano, ali uskoro će slušaoci imati prilike da je čuju na radio-stanicama. Osim pjesme “Bezobrazno” koju su radili Mirko i Snežana Vukomanović, dobila sam još dvije tri ponude, tako da ću i te kompozicije preslušati i neku od njih snimiti - kazala je Nina Petković za “Vijesti”, ne želeći da otkriva ko su autori čije pjesme je dobila na preslušavanje.

Ona je dodala da ima u planu da snimi i pjesmu koju je sama napisala, u njenom prepoznatljivom stilu.
- Slična je onome što sam radila sa grupom “Dan poslije”, blaža varijata gotik roka, ali ipak nosi sve ono po čemu me je publika razlikovala od ostalih pjevača. Među pjesmama koje sam preslušala je jedna predivna, poznatih autora iz Srbije, biće iznenađenje za publiku. Za sada se to drži pod velom tajne - rekla je Petkovićeva.

Osim pjesama koje radi za sebe, ova talentovana Tivćanka, oprobala se kao autor numera za još neke izvođače, među kojima je i nekadašnji član grupe “No Name” Bane Nedović.
- Dala sam mu nekoliko kompozicija na preslušavanje, jedna od njih mu se dopala i odlučio je da je snimi. Zaista mi je drago što će je on otpjevati jer sam čula da mu je dobro legla. Takođe, radila sam pjesme za neke od učesnika “Operacije Trijumf”, a kada će ih snimiti još ne znam- priča Petkovićeva, koja je za kratko vrijeme pobrala simpatije publike ex-Yu prostora.

Na pitanje da li ima tremu pred veliku turneju po državama bivše Jugoslavije, učesnica “Operacije Trujumf” Petkovićeva, samouvjereno kaže ne.
- Nemam, jer nas je svake nedjelje pratilo više miliona gledalaca. Za sada smo svi preokupirani pripremama za turneju, dogovaramo se šta ćemo pjevati, a moramo biti sigurni u te kompozicije, kako bismo ih na što bolji način predstavili publici u gradovima u kojima budemo nastupali. Zaista se radujem turneji - riječi su Petkovićeve.


Opet u Podgorici

Neki učesnici “Operacije Trijumf” ponovo će gostovati u glavnom gradu Crne Gore, ali ovog puta povodom 4. aprila Dana studenata.
Tako će studente na platou između Pravnog i Ekonomskog fakulteta u terminu od 12 do 18 časova zabavljati Nina Petković, Ana Bebić, Nikola Sarić i Milica Majstorović, a gosti će između ostalih biti i DJ Gile, DJ Vlado Tomić, DJ Prema i Željko Vasić.
Ovaj hepening se održava tradicionalno u organizaciji Studentskog parlamenta Univerziteta Crne Gore.
beltina
beltina

Female
Leo Broj postova : 652
Age : 53
Location : Skopje
Registration date : 18.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by **Reneesme** pet oľu 20, 2009 1:49 pm

uuuuuuuuuuuu hvalaaa beltina
**Reneesme**
**Reneesme**

Female
Pisces Broj postova : 533
Age : 30
Location : Hrvatska - Sisak
Registration date : 18.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Tajna pet oľu 20, 2009 2:09 pm

**Reneesme** je napisao/la:
Tajna je napisao/la:Reneesme, jesi se ti malo napila? :drinking:

hmmm zašto Tajna ???

Pa malo si napisala post (na koji se odnosio ovaj komentar) kao da si se napila :lol 021:
Nemoj se ljutiti :love 053:
Tajna
Tajna
Admin
Admin

Female
Taurus Broj postova : 2903
Age : 45
Location : Hrvatska
Registration date : 12.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by сонце pet oľu 20, 2009 2:10 pm

[quote="beltina"]Zakazani prvi koncerti

UČESNICI OPERACIJE TRIJUMF ZAVRŠAVAJU NUMERE I PRIPREMAJU SE ZA TURNEJU

Podgorica - Učesnici „Operacije Trijumf” održaće prve koncerte u beogradskom „Sava centru” 19. i 20. aprila, a nastupiće Nina Petković, Đorđe Gogov, Vukašin Brajić, Nikola Sarić, Nikola Paunović, Adnan Babajić, Ana Bebić, Igor Cukrov, Sonja Bakić, Aleksandar Belov, Danijel Pavlović, Milica Majstorović i Antonija Besednik.


Aha, prema ovome izlazi da je izviso samo Kristijan Jovanov. Andrea je trudna, Mika i Jasmina su u ratu s Emotionom, a Kiki? Garantiram da on ima vise fanova od Antonije Besednik, recimo. Ne zelim gledati stvari kroz prizmu nacionalnosti, ali nekako ceo show mi deluje ko da im Makedonci samo smetaju. Volela bih da sam u krivu :think: .
сонце
сонце
Admin
Admin

Female
Broj postova : 1005
Location : Skopje, Makedonija
Registration date : 13.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Tajna pet oľu 20, 2009 2:52 pm

Mislim da im u poslovnom smislu, Makedonci odgovaraju, a privatno ne znam...
Tajna
Tajna
Admin
Admin

Female
Taurus Broj postova : 2903
Age : 45
Location : Hrvatska
Registration date : 12.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Happy pet oľu 20, 2009 5:59 pm

Anuska je napisao/la:
Zoka je napisao/la:Весна Петрушевска

Да се разбереме, јас сум фан на „Операција триумф“, пред се', од аспект на продукција и ТВ-производ, бидејќи станува збор за врвна понеделничка забава. Друга е темата дали е ова или не е патетично, братство - единство или жал за младост... Имам неколку генерални забелешки, а тоа е, пред се', дека треба да имаат членови на жири од земјите-учеснички еднакво. Се извинувам, ама и ние имаме музички продуценти, автори кои треба да бидат дел од жирито. Што се однесува до водителите, ако веќе А1 е партнер, наметнете македонски водител. Да не имаме рогови?... Имаме млади згодни девојки, убави, шармантни, кои притоа нема да објавуваат голи слики што сами си се сликаат во хотели (патем, Пишек е прекрасна). Понудете му на Џамбазов, тој е мама и тато за Калиниќ и за Маца... Не знам, имам впечаток дека по линија на мал отпор ги правиме работите.

Александар е прекрасно младо момче. Она што ми пречи е дека по секоја цена сакаат да му се случи гаф, малиот треба да издржи... Сега му сервираат дека не е толку добар, воспитан, скромен и мил, уште да му импутираат дека не пее тој, туку баба му. И не сум субјективна, малиот им држи лекција на сите за домашно воспитание и аман не мешајте го Тоше во оваа приказна, знам дека и тој самиот ќе се радуваше на успехот на детето од Неготино, во тоа беше единствен...

И, за крај, искрено не гледам друг фаворит освен Аце наш голем маж! Но, што ќе биде кога сето ова ќе заврши? Некој ќе треба да продолжи, е тогаш е вистинската борба!


Bravo vesna ne ni sumljev vo tebe
Anuske jas za Sumaher otsekogas sum navivala :lol 021:
zoko i jas, ama za drugiot brat Shumaher :) ama sega po bratska linija i za Ralf kje navivam
vCERA na emisija kaj V. Petrusevska bea Milenko i Djaro. Toj zborese nesto za evrovizija, kako e mesteno, go spomna i Aleksandar zasto ne pobedil iako e najpopularen po OT, navodno deka negovata publika veke bila umorna od glasanjeto zatoa sto gi potrosila glasovite(bez toj da pobedi). Vesna Petrusevska potoa rece, demek dobro sto momcite od Next Time pobedile, "barem tie znaat da peat, a ne kao nekoj, aj da ne spomnuvam". Ne spomna nikakvi iminja megutoa asocijacijata bese jasna, taka da za Vesna ne znam sto da kazam....?!!!

Happy

Broj postova : 184
Registration date : 26.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by klimt pet oľu 20, 2009 6:07 pm

СОНЦЕ je napisao/la:Zakazani prvi koncerti

UČESNICI OPERACIJE TRIJUMF ZAVRŠAVAJU NUMERE I PRIPREMAJU SE ZA TURNEJU

Podgorica - Učesnici „Operacije Trijumf” održaće prve koncerte u beogradskom „Sava centru” 19. i 20. aprila, a nastupiće Nina Petković, Đorđe Gogov, Vukašin Brajić, Nikola Sarić, Nikola Paunović, Adnan Babajić, Ana Bebić, Igor Cukrov, Sonja Bakić, Aleksandar Belov, Danijel Pavlović, Milica Majstorović i Antonija Besednik.


Aha, prema ovome izlazi da je izviso samo Kristijan Jovanov. Andrea je trudna, Mika i Jasmina su u ratu s Emotionom, a Kiki? Garantiram da on ima vise fanova od Antonije Besednik, recimo. Ne zelim gledati stvari kroz prizmu nacionalnosti, ali nekako ceo show mi deluje ko da im Makedonci samo smetaju. Volela bih da sam u krivu :think: .

stvarno be sirot Kiki, a bas dobro peese na Skopje Pest


a za Vesna bejbe sto da se kaze, nego aj da ne kazam, da ne se navredi nekoj ako ja poznava...
klimt
klimt

Broj postova : 411
Location : Mk-Sk
Registration date : 15.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by beltina pet oľu 20, 2009 9:30 pm

Vesna e vlezena u film deka e ona taa sto otkriva talenti. Jas za nea licno nemam visoko mislenje i nejzinite komentari ne me iznenaduvaat....iako vo slucajov e kontradiktorna.... nea sekako ne sakam ni da ja slusham a posebno ni da ja gledam :)
beltina
beltina

Female
Leo Broj postova : 652
Age : 53
Location : Skopje
Registration date : 18.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Videna pet oľu 20, 2009 9:58 pm

Vesna ni jas ne ja sakam,ama e medijski mokna i ne ke bide loso i taa da mu bide sojuznik na Aleksandar a ne neprijatel.A taa znae so nejzinata poganost da bide opasna.Vo slucajov ,,malite dvajca,, rovarat sekade so nivniot komp.J.Jovanov i mislam ja kupile da bide na nivna strana.
Konkretno od ona vo nejziniot napis sto go kazala, neznam od koj medium e,i izjavata od vcera e strasno kontradiktorna i dijametralno sprotivna.
Ne mozat na Aleksandar negovite ,,kolegi,, da mu ja prostat popularnosta koj e evidentna.
:heart float:
Videna
Videna

Female
Broj postova : 2502
Location : Skopje Mk
Registration date : 14.02.2009

[Vrh] Go down

Aleksandar u medijima / Александар во медиумите - Page 12 Empty Re: Aleksandar u medijima / Александар во медиумите

Postaj by Sponsored content


Sponsored content


[Vrh] Go down

Stranica 12 / 40. Previous  1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 26 ... 40  Next

[Vrh]

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Ne moľeą odgovarati na postove.